Преработката на масните зрна (кикирики, лешник, бадем, сусам и сл.) претставува прва фаза од многуте технолошки процеси во кондиторската индустрија. Обработката на масните зрна и добивањето фина паста од нив ја дава основата на квалитетот на финалните производи.
Млинови
Посебно важна фаза при обработката на масните зрна претставува нивното мелење. Употребата на млиновите БОРО кои мелењето го извршуваат со мелнички камења им дава посебен квалитет на мелените зрна. Како производ се добива фина паста која ги задржува сите карактеристики на плодот кој е сомелен, а пастата има специфично интензивна арома. Посебно важе е фактот што работната температура при мелењето не преминува 40 – 50 С . Мелничките камења се изработени по сопствена патентирана технологија од повеќе видови гранулирани материјали што им овозможува тие постојано да бидат остри и покрај триењето. Ваквиот состав ги одликува камењата со голема тврдина и жилавост, а со тоа и со дол век на траење. Покрај составот на камењата, специфичен е и нивниот облик и профилираност.
Од големиот асортиман на млинови , за мелење на масни зрна ги препорачуваме:
Тип | Капацитет/ ч | Димензии |
Снага на ел. мотор |
Тежина |
300 K | 70-100 kg | 0.45 x 1.0 x 1.4 | 5.5 kW | 400 kg |
500 V | 100 – 150 kg | 1.2 x 1.2 x 1.8 | 7.5 kW | 400 kg |
1100 V | 300 – 400 kg | 2.6 x 2.2 x 2.5 | 18.5 kW | 3000 kg |
Дробилици
Произведуваме и специјални дробилици со следниве карактеристики:
Дробилица за масни зрна | |
Капацитет/ч | 50 – 100 kg/h |
Снага на ел. мотор | 2.2 kW |
Димензии / дол-шир-вис | 1m x 1m x 1.4m |
Тежина | 100 kg |
Контејнерски колички
Намената на контејнерските колички е прифаќање на пастата која е производ од мелењето на масните зрна. Димензиите на овие контејнерски колички зависат од типот на млинот кој го придружуваат.
Контејнерските колички се изработени со вградена пумпа со чија помош мелената паста се префрла во други садови за нејзина понатамошна обработка.
Контејнерска количка со пумпа |
|
Волумен |
50 – 200 kg |
Димензии |
1.1 m x 1m |