Млиновите мелењето го вршат со помош на мелнички камења изработени по сопствена патентирана технологија. Камењата се изработени од повеќе видови гранулирани материјали што им овозможува тие постојано да бидат остри и покрај триењето. Ваквиот состав ги одликува со голема тврдина и жилавост, а со тоа и со долг век на траење. Покрај составот на камењената, специфичен е и нивниот облик и профилираност. Движењето на зрната меѓу камењата се одвива со тркалање но заради присутниот притисок на неговиот пат, честичката на меленото кафе покрај бараната фина финална гранулација уште е испукана и на повеќе делови, така што таа во допир со станува уште поситна. Оваа специфика на мелничките камења го прави меленото кафе меко и со максимална арома.
Сите овие карактеристики на мелничките камења овозможуваат меленето кафе да биде :
Од големиот асортиман на млинови, за мелење на кафево продавници ги препорачуваме:
Тип | 90 H | 120 H | 150 V |
Капацитет / ч | 15 – 20 kg | 20 – 25 kg | 30 – 35 kg |
Ел. мотор | 1.5 kW | 2.2 kW | 2.2 k |
Напон | 220 / 380 V | 220 / 380 V | 220 / 380 V |
Тежина | 20 kg | 30 kg | 45 kg |
Силосите за кафе во продавници се изработуваат во различни големини во зависност од капацитетоt на складирање. Стандардните силоси се со капацитет од 5, 7 и 10 кг.